Бугарија обвинува за „хулигански напад“, а тоа што навистина се случило на бугарската амбасада во Скопје можете да го видите во видеото во продолжение – едно лице, еднаш удира кон стаклената врата.
Вчера во 15:55 часот, во СВР Скопје, од страна на Одделот за обезбедување на определени личности и објекти при Министерството за внатрешни работи, било пријавено оштетување на стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија. Офицерот за безбедност на Амбасадата, преку системот за видео надзор, забележал оштетување на стаклото од влезната врата на објектот.
Според досега утврденото, оштетувањето го извршило засега непознато лице, кое со удар со рака го оштетило стаклото од влезната врата.
-На местото на настанот биле преземени соодветни полициски мерки, а надлежните служби работат на расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот, извести МВР.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.




