Д-р Франсис КРИСТИЈАН, сведоштво од 2 септември 2025

Зошто го нарекоа ивермектин „паста за коњи“?
Затоа што, според мене, мислеа дека сме глупави.

Добро, следното прашање е: зарем пеницилинот не им се дава и на коњи?

Тоа е многу добро прашање, затоа што пеницилинот, кога првпат бил откриен од Сер Александар Флеминг во Англија, почнал да се користи без рандомизирани контролирани студии. Но пеницилинот буквално спаси стотици илјади животи на бојните полиња во Втората светска војна, уште пред да постојат рандомизирани контролирани испитувања.

Сега, во случајот со ивермектин, не само што постоеја рандомизирани контролирани студии кои покажаа голема корист, туку имаше и набљудувачки студии што покажаа корист. Имаше и превентивни студии што покажаа корист. Имаше и некои студии кои не покажаа корист. Но поентата што ја истакнував во моето сведочење, е дека ова е целосно безбеден лек.

Во медицината зборуваме за терапевтски опсег. Со други зборови, разликата во дозирањето помеѓу минималната ефикасна доза и максималната доза што предизвикува токсични реакции. А терапевтскиот опсег кај ивермектин е многу широк. Тој е побезбеден и од парацетамол.

Па зошто да не се користи? И тоа е клучната поента. Дури и ако во некои студии не покажал ефикасност, мнозинството студии покажале огромна ефикасност и требало да биде користен.

(д-р Франсис Кристијан, клинички професор по општа хирургија на Универзитетот во Саскачеван и хирург во пракса во Саскачеван, беше  суспендиран од сите наставни должности и отпуштен од својата позиција на Универзитетот во Саскачеван од септември 2021 година оради залагање з алекување со ивермектин)