Демолирана е канцеларијата на директорот на студентскиот дом Пелагонија во населбата Кисела Вода во Скопје.
Како што објави ТВ Клан, директорот денеска изутрина пријавил дека поранешен вработен со уште едно лице, фрлиле запалива течност и настанал пожар.
– На 11.11.2022 во СВР Скопје А.Ф.(36) вработен како директор на студентски дом во населба Кисела Вода, Скопје пријавил дека на работното место, по претходна расправија, Н.Ј., кој бил поранешен вработен во домот, заедно со уште едно лице, фрлиле запалива течност, при што настанал пожар, соопштија од МВР.
Пожарот бил изгаснат од противпожарната единица во Скопје, а нема пријави за повредени лица.
Од МВР велат дека нивни екипи се на терен и преземаат мерки за расчистување на случајот.
Видеото на ТВ Клан може да го отворите ТУКА.