Пред да стане кандидат за нобеловец и премиер на Република Македонија, Зоран Заев долги години беше градоначалник на Струмица, а краток период беше и јапонски самурај.
Тоа се случи пет години пред денешниот 1 април. Заев како градоначалник и самурај, со сопругата Зорица како гејша, пристигнаа на големиот бал под маски во хотелот Сириус.
Таму тогашниот самурај и сегашен премиер Заев изјави:
– Јас сум самурај, мојата сопруга е гејша… Секако воин кој што симболизира заштита на честа во Јапонија и се надевам дека токму овој воинствен изглед на претседателот на СДСМ, и градоначалник на Струмица, најавува фер воинствена битка која престои на нашата политичка сцена.
Потсетувањето на маскембалот е по повод 1 април, ден кој исто така е за маскирање, а на овој ден почна уште една политичка битка за шеф на Република Македонија.