Висок државен функционер ми се јави на ден пред изборите и ми кажа дека ќе бидат украдени, изјави градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска во летното издание „Click21“ на ТВ21.
Тој рече дека еден ден кога ќе ги пишува мемоарите, ќе напише и кој му се јавил еден ден пред изборите и што се му кажал.
– Дека на денот на изборите јас ќе изгубам катастрофално затоа што изборите ќе бидат украдени. Тоа ќе го запишам во мемоарите бидејќи човекот сметам дека е чесен и се уште е вршител на многу висока државна функција во делот на сегментите каде се добиваат големи и високи информации, вели Димитриевски.
Видеото може да го отворите ТУКА.