Поранешниот премиер Зоран Заев два-три пати го прошета и го постави за лидер на партијата и за премиер Димитар Ковачевски, вели градоначалникот на Куманово,димити Максим Димитриевски.
Тој во видеото што го објави ТВ 21 посочува дека изборот на нов лидер на СДСМ беше смешен, со тајно гласање, а само еден кандидат, односно само актуелниот лидер на владејачката партија и премиер Ковачевски.
– Како да биде сменето кога едниот го доведе другиот, го прошета 2-3 пати по странство на конференции, се правеа пародии со него и на крајот го ставија на местото каде што е, вели Димитриевски.
Димитриевски вели дека очекувал многу од Ковачевски, но партијата сега „пука“ од сите страни.
– Оваа АД СДСМ првично ги брка оние кои победуваат, а ги чува оние кои никогаш немаат победено, вели Димитриевски.
Видеото и опширниот разговор може да го отворите ТУКА.