МВР ја води акцијата Безбедно лето 2022 година и секојдневно на својот официјален профил на Фејсбук објавува текстови и фотографии за акцијата која се одвива во Македонија.

Под наслов „Продолжија превентивните активности на СВР Битола во рамки на „Безбедно лето 2022“ денеска МВР објавува активности во битолските села Долна Чарлија, Будаково, Трап и Ношпал, како и во Пласница, село во Македонски Брод.

„На 04.08.2022, полициски службеници од СВР Битола-Полициско одделение Новаци спроведоа превентивна активност во која беа опфатени повеќе теми и проекти. Во селата Долна Чарлија, Будаково, Трап и Ношпал, беа одржани средби со месното население во врска со проектот „Безбедна заедница – мирна заедница”, при што беше укажано за важноста на заштитата на нивните домови и имот од кражби . Исто така, беше разговарано и беа поделени летоци со едукативна содржина по проектот „Да ги чуваме нашите шуми од пожари, ѓубре и несовесно однесување“, соопшти МВР.

Има детали и за вчерашната активност во Македонски Брод:

„На 04.08.2022, полициски службеници од СВР Битола- Полициска станица Македонски брод во с.Пласница остварија средба со одговорните лица во правните субјекти на која беше разговарано за заштита и превенција од кражби и разбојнички кражби. На одговорните лица им беа поделени и летоци од проектот „Безбедна заедница – мирна заедница”, пишува МВР во објавата на Фејсбук.