Кога куче ќе касне човек велат не е вест, туку кога човек ќе касне куче, но кога куче на шефицата на држава ќе касне шеф на друга држава е дипломатски инцидент.
Таков дипломатскиот инцидент се случи во Кишињев за време на посетата на австрискиот претседател Александар Ван дер Белен, кога кучето Кодрут на неговата домаќинка, претседателката на Молдавија, Маја Санду, го касна австрискиот лидер за рака кога се обиде да го погали.
По инцидентот, Санду се извини и објасни дека кучето се исплашило поради големиот број луѓе. Ван дер Белен на следниот состанок се појави со завој на раката.