Азербејџанецот Сервер Бесирли, кој нативари дотраена „лада“ и меѓу првите замина да носи помош за настраданите од земјотресот во Турција, ќе добие нов автомобил.
Како што објавивме, по земјотресите кои го погодија југоисточниот дел на Турција, Сервер го наполни својот стар автомобил со работи од неговата трошна куќа во Баку и се упати кон Турција.
Фотографијата трогна многу луѓе, особено откако дозна за условите во кои живее самиот Сервер. Многумина коментираат дека оние кои имаат најмалку секогаш даваат најголема поддршка. Бесирли тогаш бил гостин на националниот канал во Азербејџан и дал информации за себе, по што се јавил азербејџански бизнисмен, пренесува Кликс.ба
Откако го напушти студиото, бизнисмен од Нахчиван по име Бахтијар, го побарал водителот на програмата за време на рекламата и му ветил на Сервер Беширли нов автомобил.
Во понеделник, 13 февруари, азербејџанскиот херој Сервер повторно беше гостин во програмата и го доби клучот од својот нов автомобил.
Видеото може да го отворите ТУКА.