Дванаесетгодишно момче беше спасено од урнатините на зграда во Хатај, 260 часа по разорните земјотреси што минатата недела ги погодија јужните провинции на Турција.

Екипите за пребарување и спасување под урнатините на зградата во населбата Екинци го извлекоа странскиот државјанин Осман Халебија.

Момчето било извлечено живо од урнатините по цели 260 часа, односно речиси единаесет дена по разорниот земјотрес.

Повреденото момче со возило на Брза помош било пренесено во болница, пишува „Анадолија“.