Во италијанскиот зимски центар Алта Бадиа паднале 30-тина см снег, додека во словенската Кредарица само 3 сантиметри.
Но, на планинаите се уште паѓа снег, а на италијанските врвови се очекува да падне дури половина метар.
Темперурата во Алта Бадиа се очекува денеска да се движи меѓу минус 2 и шест степени, на врвот на планината од 2 500 метри, а на подножјето околу 11 степени.
Наредните три дена се очекува сончево време, па снегот ќе се стопи. Според прогнозите, снег денеска требало да паѓа и во Кортина ди Ампецо и Вал Гардена.
Снег паѓа и во Словенија, на Кредарица, каде утрово во 9 часот е измерена температура од минус три степени.