Денеска се случи срамен преседан во образовниот систем во Македонија, во 21 век поради пропуст на администрацијата моето дете не може да полага државна матура, револитиран бара одговорност родителот на матурантката Тијана Силјаноска.
Од охридската гимназија, како што објави ТВ Алфа, вчера прв пат не известија дека моето дете го нема на списокот, иако истиот е направен во февруари, вели родителот на матурантката.
– Некој сака да си креира судбина на некои деца. Значи моето дете нема право сега во првиов уписен рок да се запише на факултетите во Љубљана или во Загреб каде што сака таа, ќе мора да полага во август. Секое дете во нашава држава може два пати да полага државна матура доколку еднаш падне само моето дете еднаш. Што ќе се случи ако во август на полагањето на државаната матура моето дете не помине? Тогаш цела година ќе треба да паузира да не студира. вели родителот Боби Слијаноски.
Јас не знам како е направен овој сериозен пропуст, вели Марјан Бошалески од Бирото за развој на образование, девојчето не може да биде вметнато на списоците бидејќи тоа е обемна процедура, во комјутерската база на податоци секој ученик е означен со код.
– Значи можам да кажам слободно дека тој ученик е обесправен. Констатирано е дека ученичката во моментот на давање на списокот не била присутна на училиште и не била потпишана во списокот за кандидати кои што треба да ја полагаат државната матура, но тоа не дава за право да ја нема на списокот за матура,што значи дека било кои претставници од педагошко-психолошката служба во училиштето, треба да сносат одговорност, вели Бошалески.
За ова е информиран и министерот за образование Јетон Шаќири, кој денеска беше во Струга по повод почетокот на полагањето на државна матура која денеска ја полагаат 15.620 ученици во државава.
Прилогот и видеото на ТВ Алфа може да го отворите ТУКА.