Во САД актуелна е аферата во која демократите го обвинуваат Трамп дека барал Украинците да поведат истрага против синот на Џо Бајден, односно истрага поради фактот дека по барање на Бајден била запрена истрага против неговиот син.

За таа цела демократите го искористија неговиот разговор со претседателот на Украина, Зеленски.

Но, всушност, целата афера почнува од ова видео кое Трамп го публикуваше, а на кое се слуша и гледа како Бајден се фали како ги уценил Украинците: Или ќе го отпуштите обвинителот кој го гони син ми или нема пари. И, вели Бајден, кучкиниот син беше отпуштен!