Навивачката група на скопски Вардар, Комити, синоќа ги осветлија со факели улиците на Скопје со своето дефиле пред дерби натпреварот со Шкендија во Првата македонска фудбалска лига што се игра утре во 13 часот на Националната Арена во македонскиот главен град.
Како што објави порталот Екипа, синоќа, не само Скопје туку Комитите заедно со тетовската навивачка група Војводи, со „герила“ акција под Шара го „запалија“ и тетовското Кале.
Комити и Војводи утре на дуелот против Шкендија ќе прослават една деценија братство, како еден од трите јубилеи што ќе се слават на западната трибина, заедно со 20 години од групата „Лојал Фанс“ и пет години од Комити Маџари.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=jfxYDY5J3AE&feature=emb_logo