Швајцарецот Марко Одермат ја освои својата прва победа на Светскиот куп во ски-алпски дисциплини, откако изненадувачки ја освоиСупер-Г трката во Бивер Крик, САД.

Одермат заврши прв со 1:10,90 минути на техничката патека и го запиша првиот успех во својата кариера. Најдоброто рангирање на Швајцарецот во Супер-Г досега беше седмото место минатата недела на Лејк Луис.

– Совршен ден за мене. Спуштањето беше на работ, но имав среќа и стигнав до крајот. Не сакав да изгубам брзина и продолжив да притискам дури и по мојата грешка и еве тука сум, прокоментира Одермат.

Норвежанецот Александар Амод Килде заврши на второто место со заостанување од едвај 0,10 секунди, но грешката во последните метр го лиши од победа.

Трет е Матијас Мајер со 0,14 секунди зад победникот. Австриецот го освои претходниот Супер-Г на Лејк Луис и го предводи пласманот за малиот Кристален глобус во дисциплината со 160 поени.

Мајер пак предводи во генералниот пласман на Светскиот куп со 221 поен, а потоа следуваат Доминиќ Париз (Италија) со 180 и Марко Одермат со 170.

Пласман во Супер-Г:

1. Марко Одермат (Швајцарија) 1: 10,90 минути
2. Александар Амод Килде (Норвешка) 1: 11.00
3. Матијас Мејер (Австрија) 1: 11.04
4. Алекси Пинтуро (Франција) 1: 11.27
5. Мауро Кавизел (Швајцарија) 1: 11.54
6. Тревис Ганонг (САД) 1: 11.59