Јас можеби не сум толку битна, битна е личноста која што го понесе целиот товар во овој четиригодишен период, изјави обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи, за 1 ТВ во разговор со домаќинот Сашо Ордановски, во врска со тогашните „озборувања“ за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Два месеца се само поминати од тоа време во јуни годинава. Погледнете го краткото видео, далекугледоста и аналитичкиот дух на водителот Ордановски и на обвинителката од СЈО, Фетаи.
Вреди да се погледне „далекугледоста и аналитичкиот новинарски и бизнис дух“ и на домаќинката Јадранка Костова и гостинот (неформален газда на 1ТВ) Борјан Јовановски Боки 13, исто така, во 1 ТВ. И исто така неодамна.
ТАКА ГОВОРЕА БОКИ 13 И ЈАДРАНКА КОСТОВА: Што доколку Камчев снимал – ништо!https://twitter.com/1VidiVidi/status/1151892621377359872/ 18.07.2019https://denesen.mk/video-taka-govorea-boki-13-i-jadranka-kostova-na-1-tv-shto-dokolku-kamchev-snimal-nishto/Во своето последно интервју со новинарката Јадранка Костова на 1 ТВ, нејзиниот неформален сопственик Бојан Јовановски алијас Боки 13, кој доби 30 дневен притвор за „Рекет“, рече дека е свесен оти е трн во окото на многумина бидејќи 1ТВ бил влијателен медиум.– Да не заборават тие што сакаат да го дискредитираат моето име, да ме стават во контекст на некакви криминални дејствија и се останато, дека еден од клучевите од пандорината кутија е во моите раце, рече тогаш Боки 13.Во тоа интервју Боки 13 зборуваше и за бизнисменот Орце Камчев кој имал соработка со неговата телевизија:– Јас Јордан Камчев го познавам долги години, во изминатата година соработуваме, се рекламира на оваа телевизија. Мене како негов медиумски застапник не ми е забрането да се гледам со него. Јас сум се гледал со него кога излезе од притвор за случајот „Империја“. Околу фамозните приказни за куферчиња ги отфрлам целосно како невистинити. Во однос на тоа дали ме снимал Јордан Камчев тоа си знае најдобро Јордан Камчев. На прашање на новинарката што доколку го снимал, Јовановски рече: Ништо, доколку има такво нешто прво е направено незаконски, тоа е кривично дело, доколку дојде до такво нешто, во свое време ќе го дадам соодветниот одговор, вели Боки 13.Одговорот на Боки 13 на ова прашање во интервјуто со Костова е во 35-та минута од видеото, а тука говори и за квалитетите на синот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, како кадар во оваа телевизија.
Gepostet von Види Види am Donnerstag, 18. Juli 2019