Дваесет и седумгодишникот Џордан Бардела ја презеде лидерската позиција на Марин ле Пен во најмоќната партија од десницата во Франција.
Бардела влегол во партијата како тинејџер, а од денеска е нов претседател, објави Гардијан, а објави и Марин ле Пен на нејзиниот профил на Фејсбук.
За прв пат откако партијата, првично Национален фронт, сега Национален митинг, беше создадена во 1972 година, нема да ја води Ле Пен.
Џордан Бардела, близок соработник на Ле Пен, кој претходно бил привремен претседател една година, го победи Луис Алиот (53), градоначалник на Перпињан и поранешен партнер на Ле Пен, со 85 отсто спрема 15 отсто во гласањето од членовите на партијата.
Во салата каде беа објавени резултатите имаше овации и поздрави за Ле Пен.
Во своето обраќање пред партијата, Ле Пен рече дека по повеќе од една деценија е време да се направи место за некој нов. Таткото на Ле Пен, Жан-Мари, во 2011 година и ја предаде одговорноста на најмладата од неговите три ќерки, која го смени името на партијата во 2018 година.
Таа сè уште се очекува да има значителна моќ во раководството на партијата.
– Не ја напуштам партијата за да одам на одмор. Ќе бидам таму каде што и требам на земјата, рече Ле Пен на партиската конвенција.
Видеото може да го отворите ТУКА.