Припадниците на хеликоптерската единица и Одделот за вонредни состојби на Министерството за внатрешни работи на Србија, кои гаснат шумски пожари во Македонија, со хеликоптер Камов Ка-32 вчера за 10 часа испуштија 70 тони вода.
Бранко Попратњак, член на тимот и припадник на хеликоптерската единица на МВР, истакна дека сите припадници на Министерството за внатрешни работи кои учествуваат во оваа акција вложуваат максимални напори за гаснење на пожарите во Македонија, соопшти српското МВР.
-Хеликоптерот Камов Ка-32 на Хеликоптерската единица на МВР на Србија денеска беше ангажиран на пожарите во С. Македонија во регионот Ново Село, кој се наоѓа во близина на границата со Бугарија. Вчера и денеска за вкупно 10 часа во областа на пожарот исфрливме околу 70 тони вода, рече Попратњак.
Тој додаде дека условите за гаснење на пожарот биле сложени.