ХРватскиот стручњак за енергетика Ивица Јакиќ имаше интервју на ХРТ за цените на нафтата и бензините по разгорувањето на војната меѓу САД и Израел од една стрна и Иран од друга страна и затворањето на Ормутскиот теснец.
Водител:
Германската влада им порача на своите граѓани дека нема средства ниту моќ да влијае на цените на горивото. Во Германија цената изнесува 2,48 евра, во Хрватска 1,52, а во Полска 1,50. Да, токму тоа го кажаа.
Ивица Јакиќ:
Германија се соочува со два големи проблеми. Би се вратил можеби 15,20 дена наназад, на една кампања што трае подолго време. Германската влада ги моли граѓаните: ве молиме немојте да ги полните електричните автомобили помеѓу 11 и 12 часот и 1 часот попладне.
Затоа што тогаш нема доволно електрична енергија за електричните автомобили. Нема доволно. Од друга страна, сега се случува голем пресврт.
Германските бензински пумпи продаваат гориво за повеќе од 2 евра, 2,48 до 2,50, а во еден момент беше и до 2,80. Затоа што нема регулатива што ќе ја ограничи таа цена.
Германската држава не направи како што направи хрватската влада, да ги замрзне цените и да им помогне на граѓаните. Германија размислува сосема поинаку. Освен тоа, сега во Германија се одржуваат покраински избори.
Од друга страна, Полска има ниска цена на гориво, 1,50 евро, но германската влада воведе царина.
Секој што се враќа од Полска, на автопат го тргаат на паркинг и му наплаќаат царина ако носи повеќе од 10 литри гориво.
Водител:
Значи Германците дојдоа до тоа да носат канистри во багажник и да точат поевтино гориво во Полска?
Ивица Јакиќ:
Се надевам дека нема да дојде до системот „пар-непар“.
Водител:
Чекајте, и потоа се враќаат по автопат дома и ги чека германската царина на сред автопат? Можно ли е тоа?
Ивица Јакиќ:
Па така е.
Водител:
И колкава царина им наплаќаат по резервоар?
Ивица Јакиќ:
Тогаш имате и царина и казна.



