Премиерот Зоран Заев, насмеан и расположен, лепи пари на свирачи кои му ја погодиле песната.
Видео со ваква содржина се шири на социјалните мрежи. Не е наведено каде и по кој повод е настанот од изборната кампања во која секојдневно настапува Заев.
И публиката е расположена. Се слуша расположен поединец на настанот кој извикува: „Е, Зајче беее…“
Не се ништо ново ваквите „спонтани политички гестови“. Своевремено и тогашниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски лепеше „илјадарка“ на уличен чистач кој му ги светна чевлите.
Видеото за Заев и свирачите може да го погледнете ТУКА.