Се што имаме докази ќе биде објавено, никој нема да биде поштеден, ветуваше Зоран Заев пред неколку години, кога почна да се расфрла со неговите „бомби“ под помпезно мото „Вистината за Македонија“.
– Никој нема да биде поштеден, значи ни од македонскиот, ни од албанскиот блок, ни од позиција ни од опозиција. Граѓаните ќе ја дознаат цела вистина, до крај. Вистината за Македонија, до крај ќе ја обелоденуваме… Пописот, Монструм, Никола Младенов итн., ветуваше Заев.
Бомбите на Заев ечеа на прес-конференции, ечеа во медиумите и на „боиштето“ од шарената револуција.
Денес, неколку години потоа, може само со жалење да се констатира: Бог да ја прости Вистината на Заев, која ја разнебити Република Македонија и донесе „живот за сите“.