По само нешто повеќе од една година користење, мостот кој води до Македонскиот народен театар, на само педесетина метри од плоштадот Македонија, се распаѓа, објави ТВ Канал 5 за градбата на поранешната локална власт на Петре Шилегов и актуелна централна власт.
Поставените плочки се откачени и расфрлани по тревниците, а столбовите испукани. Хигиената е посебна приказна, на секој чекор има смет, расфрлани се отпадоци од јадење, лименки и стакло. Посебна приказна се новите поставени куќарки во кој требаше да се продаат книги. Тие се унипштени. Непознати лица влегуваат внатре, го иништуваат инвентарот купен со парите на граѓаните, а се упторебува и како тоакет. Се ова се случува во најстрогиот центар на главниот град. Слична е сликата и од другата страна на мостот.
-Ова е скулптурата на легендарниот Петре Прличко, кој е еден од најголемите културни амбасадори на Македонија, па присуството на неговото спомен обележје, во целата оваа негрижа, сликата за ова место ја прави уште потажна, објави ТВ Канал 5.
Скопјани се револтирани од негрижата на сограѓаните, а го искритикуваа и квалитетот на градбата.
Градоначалничката на Скопје, Данела Аросвска вели дека е свесна за проблемите со вандализирањето низ градот, а решението го гледа во конечно формирање на комуналната полиција, која конечно би воспоставила ред во градот.
Засега се уште е зелена тревата од ливадата на Шилегов пред најгушканиот трговски центар во светов – ГТЦ во Скопје. Тунелот под Кале чека подобри времиња, а малку потстивната е битката против „стирипорот и спомениците“ против кои се дигна тн. шарена револуција и гушкачите на ГТЦ.
Целиот прилог може да го погледнете во видеото кое може да го отворите ТУКА.