Нема веќе паднав во дупка и ги дупнав двете гуми, објави вицепремиерот Артан Груби за подновувањето на патот од Струга до Ќафасан, на македонско-албанската граница.
– Ветивме целосна реконструкција на патот Струга – Ќафасан и тоа го направивме во предвидениот рок и буџет. Ова е мандатот за реализација на големите ветувања! Нема веќе паднав во дупка ги рушив двете гуми од лошиот пат, напиша Груби на својот профил на Фејсбук.
Рехабилитацијата на делницата Подмоље – Струга – Ќафасан чинеше околу 8 милиони евра, а вчера на свеченоста по тој повод беше и премиерот Димитар Ковачевски со повеќемина министри и други државни функционери.
Видеото може да го отворите ТУКА.