Во рамки на континуираните ангажмани на Армијата за поддршка на институциите во справувањето со пожарите, воздухопловниот ВИНГ и денеска реализираше воздушен ангажман во подрачјето на Дебар.
-Во текот на тричасовната интервенција, хеликоптер Ми-8МТ реализираше повеќе летови со вкупно 11 исфрлања и истурени 22 тона вода врз критичните жаришта на пожарот. Воздушното дејствување беше реализирано согласно проценката на состојбата на теренот и во координација со надлежните институции и силите ангажирани во гаснењето на пожарот, со приоритет на активните жаришта и спречување на понатамошно ширење на огнот, информираат од Армијата.




