Фудбалската репрезентација на Македонија, сепак, ќе причека друга прилика за учество на Светско фудбалско првенство.

Таа прилика, за жал, не е искористена, синоќа против Португалија во Порто. Но, Македонците ги воодушеви хрватскиот спортски коментатор, кој по натпреварот кажа „Македонија без северна“.

– Македонија, само Македонија. Без северна! Една, единствена, голема и прекрасна, вели хрватскиот коментатор.

И додека во Република Македонија, тие на кои им „легна“ придавката пред името, во изјава од пет реда по десет пати повторуваат „северна“, хрватскиот новинар праќа добра порака до тие што избришаа „македонски“ пред театар, опера, балет… И што брусеа шахти низ Македонија.

Видеото може да го отворите ТУКА.

И уште едно видео од интонирањето на македонската химна во Порто, може да го отворите ТУКА.

(Д.Г.)