Беровчанец подарува месо и лекови за сите што не можат да си купат за празниците и вели дека ниту еден нема да биде одбиен.

Хуман гест за престојните празниците од беровчанецот Звонко Цонкински, кој на сите што не можат да обезбедат месо за престојните празници им подарува бесплатно од неговата фарма.

– Сме давале по 3 килограми, по 5, зависи колкаво е семејството. Ако се двајца луѓе на пример ќе им дадеш 2-3 кг месо, ако се повеќе, со деца, нормално и повеќе, вели Цонкински.

Ова, како што објави штипска ТВ Стар, е трета години по ред како тој им помага со месо и лекови на тие што не можат да си го дозволат сами.

– Ниту еден нема да биде одбиен, вели Цокински.

Целата претпразнична хумана приказна може да ја погледнете на видеото на ТВ Стар.