Мојот внук, кој за жал не живее во Македонија, а има само седум години ми рече да одам на избори и да гласам за Стево Пендаровски, се исповеда една повозрасна госпоѓа на митинг на претседателскиот кандидат на СДСМ и ДУИ.

– Гледал на мрежите, тие што јас не ги разбирам, и ми рече: Бабо, мора да одиш да гласаш за Пендаровски, продолжи да раскажува госпоѓата со бела коса за тоа како внукот ја убедил за кого да гласа.

Таа го прашала внукот „зошто“, а седумгодишното дете и образложило и ја убедило:

– Пендаровски е млад, педантен, со бела кошула, има очила и сигурно има завршено факултет, го раскажа госпоѓата заклучокот од малиот.

Без коментар

Gepostet von Павел Шатев am Montag, 8. April 2019