Македонија никогаш северна и никогаш Северна, само Македонија, се слогани кои во еден глас грмат од илјадници навивачи од навивачката група Комити од Скопје.

Тие на Фејсбук објавија моменти од атмосферата и навивањето со кое ги бодрат спортистите, но и силна политичка порака со историски цитат од револуционерот Даме Груев:

– Вие никогаш нема да не убедите дека ако се покориме и ако го предадеме оружјето, ќе имаме гаранција за нашиот живот и имот. Јас веќе дадов наредба по цела Македонија воопшто да не ве слушаат и да не ви веруваат и кој што ќе ве послуша, ќе плати со својот живот… Ние не очекуваме помош од Европа. Ние се надеваме со нашите сопствени сили да ги уништиме вашите храбри војници и можеби не е далеку часот кога над бојадисана во крв Македонија ќе засвети сонцето на слободата (Дамјан Груев).

,,Вие никогаш нема да не убедите дека ако се покориме и ако го предадеме оружјето, ќе имаме гаранција за нашиот живот и имот. Јас веќе дадов наредба по цела Македонија воопшто да не ве слушаат и да не ви веруваат и кој што ќе ве послуша, ќе плати со својот живот… Ние не очекуваме помош од Европа. Ние се надеваме со нашите сопствени сили да ги уништиме вашите храбри војници и можеби не е далеку часот кога над бојадисана во крв Македонија ке засвети сонцето на слободата" – Дамјан Груев.#Македонија #Македонски #Македонци

Gepostet von Komiti Skopje am Sonntag, 31. März 2019