Еден од најблиските соработници на американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Џо Роган вели дека ќе биде убиен ако целосно ја разоткрие корупцијата во американската влада.

Шефот на Одделот за владина ефикасност во владата на Трамп (ДОГЕ) Илон Маск вели дека се бори да преживее.

Маск во интервјуто вели дека Америка е пред банкрот откривајќи дека 1,9 милијарди долари пари од државата биле испратени на една година стара невладина организација без никаква историја што за него е „џиновска измама“.

Шефот на DOGE открива дека огромни пари се давани на лажни непрофитни организации – некои наводно се поврзани со луѓе како Џорџ Сорос.

Според Маск Сорос бил многу креативен при земање пари од владата на САД, правел мали организации со малку пари за потоа да добива огромни средства од државата.

Тој исто така открива дека дури
20 милиони мртви луѓе се означени како ЖИВИ во системот, што чини милијарди долари а некои од нив се уште добиваат пари од државата иако се умрени.

Илон Маск во интервјуто открива 12 милијарди долари наменети за подморници на морнарицата – без воопшто да бидат изградени подморници.

„Само федералната влада може да се извлече со ова ниво на криминал“, вели Маск.

Маск вели дека DOGE сега копа во секоја буџетска линија за да открие повеќе измами.

Во неверојатна изјава Маск тврди дека САД дале 250 милиони долари на ужасни студии со животни.

Според него сепак најголемата измама е фактот што Федералната агенција за помош од елементарни непогоди ФЕМА платила огромни пари за луксузни хотели во Њујорк за сместување илегални имигранти.

Тој ова го нарече шема за „купување гласачи“.

ФЕМА плаќала нелегални мигранти за тие да гласаат за демократите вели Маск кој се плаши да открие се затоа што може да биде убиен.