Во 67 година од животот почина познатиот театарски, телевизиски и филмски актер Митко Апостоловски.

Кариерата ја започна и заврши на сцената на Народниот театар во Битола, а извесен период играше и на сцената на Кумановскиот театар.

– Битолчани ќе го паметат по неговата насмевка, непосредност и мека душа, секогаш спремна да одвои време и сподели совет на помладите. Бог да го прости.
Заминува во време кога е повторно актуелен филмот „Трето полувреме“ и неговата култна реплика за името Македонија, објавија негови битолчани.

Од актерот Апостоловски се прости и неговиот колега Тони Михајловски:

– Почина Митко С. Апостоловски. Актерот кој на филмското платно ќе биде запомнет по репликата „Македонија, тоа е свето име бе мамето ваше“.  Битолчанец кој долги години работеше во театарот во Куманово и зборуваше перфектен кумановски. Почивај во мир Мице. Нека ти е светол патот. Ќе се видимо тамо негде на некоју раќију, објави Михајловски на Фејсбук.

Нека му е вечна слава. Видеото со познатата реплика од филмот Трето полувреме ТУКА.