Непознат маж утрово ја нападна колоната на претседателот на САД, Џо Бајден во Брисел.
Инцидентот, кој го забележале камерите, кое е објавено и на социјалните мрежи, се случил околу 9:40 часот изутринава.
Полицијата веднаш го совлада и привела мажот кој фрлил шише кон колоната. Како што се наведува, напаѓачот бил во алкохолизирана состојба.
– Мажот кој беше во алкохолизирана состојба го фрли шишето кон колоната на претседателот Џозеф Бајден. Успеавме да го сопреме шишето пред ударот, навеле од полицијата.
Поради посетата на Бајден жителите на Брисел биле предупредени дека ќе се применуваат вонредни безбедносни мерки, построги од оние кои се вообичаени за самите лидери на ЕУ или други светски службеници, вклучувајќи ги и највисоките државници на Кина и Русија.
Видеото може да го погледнете ТУКА.