Историчарите го вклучија алармот – договорот и протоколите потпипшани со Бугарија имаат за цел да ја изменат македонската национална свест. АСНОМ и бугарски народ се две спротивни работи и устваните измени ќе значат деградација на антифашистичката борба на која ја темелиме државата.
Историчарката Наташа Котлар вели дека преку преку договорите и протоколите самите сме се согласиле да ја уништиме основата на македонската државност, затоа што тие посегнуваат по народната меморија, државните институции и целиот државен систем.
– Ставањето на бугарите во уставот значи пред се анулирање на макеоднското историско минато од преродбата, од револуцинерниот переиод. Илинденското востнаие нем да име макеоднска народна содржина бидејќи тие ќе бидат држотворен народ и тие ќе ја внесат содржината на иленденското востание како бугарско востание. Крушевкста репбулика исто ќе биде израз на бугарските атрибути, не на македонските. Исто така, Анитифашистичката борба нема да биде анти-вашистичка борба, туку ќе стане граѓанска војна, а ние ја имаме нашата државност точно врз анти-вашистичка борба. Фактички, со наши сили, се анулираме сами себеси.“ – Изјави историчарката д-р. Наташа Котлар.
Претседателот на здружението на историчари, Митко Панов, вели дека политиката директно е вмешана во науката и тоа има широки последици. Тој предупреди дека протоколите потпишани со Бугарија ги цензурираат токму оние македонски научни институции кои имаат за цел да го афирмираат и потврдат македонскиот национален наратив, посебност и самобитност.
– „Знаеме крајната импликација би била засегнување на националниот идентитет, од аспект што протоколите во суштина го спречуваат правото макеоднската нација да има сопствен национален наратив и со тоа да ја изрзува својата идентитетска посебност и на тој начин преку историскиот нараатив да се смени свеста на макеоднскиот народ и макеоднската нација.“ – Изјави д-р. Митко Панов, претседател на здружението на историчари на Македонија.
Претседателот на МАНУ, академик Коцарев вели дека преку потпишување на договорите со Грција и Бугарија македонците тргнаа во сигурна смрт. Тој ги повика македонците да ги отфрлат и да ги осудат овие договори и порача дека ќе стори се што е во негова моќ да се изнајде достојно решение за иднината на Македонија.
– „Договорите со Бугарија според моето мислење треба да се разгледуваат заедно, а не одделно. Тие се две страни на една иста паричка. Документите кои ги негирараат тие факти, промовираат невистини, лаги и манипулации, а тоа се договорите со Грција и Бугарија, македонците и македонската научна јавност треба да ги отфрлат и да ги осудат.“ – Истакна Академик Љупчо Коцарев.
Членовите на историската комисија за преговори со Бугарија, иако поканети на научната трибина, не дојдоа да разговараат и да ги соочат ставововите со нивните колеги историчари.
Извор: ТВ АЛФА