Македонскиот оперски пејач Благој Нацоски неодамна објави видео од неговиот јапонски колега Казухиро Котецу, која ја пееше позната македонска песна „Македонско девојче“, а сега и „Ако умрам ил загинам“.

Јапонскиот оперски пејач Котецу во видеото што денеска го објавуваме ја пее „Ако умрам ил загинам“ од легендарниот македонски пејач Јонче Христовски.

И претходното видео што го објавивме и новото на Котецу ги споделува и македонскиот тенор Нацоски, кој живее и работи во Италија и е близок пријател на јапонскиот пејач.

Нацоски вели дека Казухиро песните ги снима во Токио и дека себеси се смета за голем пријател на Македонија.