Времето во Македонија ќе биде сончево и студено, особено изутрина, во северните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој долж Повардарието ќе засилува.

Утринската температура ќе се движи од минус 14 до минус 4, а дневната од минус 4 до 8 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.  Утринската температура ќе се спушти до минус 6, а дневната ќе достигне до 3 степени.

До среда наутро ќе преовладува ведро и во утринските часови особено студено време проследено со слаб до умерен северен ветер, кој повремено ќе засилува. Од среда ќе започне да дува јужен ветер, од запад ќе се зголеми облачноста и температурите ќе бидат во пораст. Во четврток преку денот во западните делови на планините ќе има услови за појава на снег, а на пониските места понекаде ќе започне снег кој ќе премине во дожд. Во петок во западните делови, а во сабота насекаде ќе има повремен дожд и ќе дува повремено засилен јужен ветер поради кој ќе започне побрзо топење на снегот.