Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, не се ни поздравија на Самитот Г-20, откако нивниот состанок е откажан поради случувањата на украинските бродови. Нивното меѓусебно ингорирање и при заедничкото фотографирање на учесниците на Самитот, не помина незабележано.
Путин не се поздравил со Трамп при фотографирањето и го поминал времето во разговор со Ангела Меркел. Трамп, истовремено зборувал со Емануел Макрон, претседателот на Фрнција, во чија земја денеска повторно се одржуваат масовни протести при кои има повредени и уапсени.