Роберт КЕНЕДИ ЈУНИОР
Првиот ден откако ќе стапам на должност ќе го забранам фармацевтското рекламирање на телевизија. Сите можете да видите дека, посебно вечерните шоу емисии, се преполни со фармацевтски реклами.
И кога гледате некој како Андерсон Купер (една од ѕвездите на Си-Ен-Ен, н.з.) кој мислам дека заработува 20 милиони долари годишно, а 75 или 80 отсто од тие пари доаѓаат од фармацевтските компании, тогаш јасно гледате кој навистина е газда. Знаете, многу од медиумските куќи се заинтересирани овие фарамецевтски реклами да продолжат, но јас ќе ставам крај на тоа.
Ние сме една од двете земји во светот кои дозволуваат фарамцевтските компании да се обраќаат и рекламираат директно до потрошувачите. Сите се согласуваат дека тоа е лоша идеа. Како последица на тоа, ние сме најголеми потрошувачи на фармацевтски продукти, а во исто време не стануваме поздрави. Во вистински слободен пазар и ако имаме добри информации, нема да земаме толку многу фармацевтски продукти. А работата на тие информациони куќи е да ги немаме вистинските информации. Тоа што фармацевтските компании го сакаат е да го диктираат контекстот и да ја имаат моќта над контекстот. Тие не ги користат телевизиите само како платформа за продавање на нивните продукти, тие сакаат да ја контролираат содржината. Тие диктираат што Џеф Тапер и Андерсон Купер ќе кажат.