Гостување на претприемачот Кевин О’Лири на Фокс њуз каде разговараат за економските состојби во САД и во светот и за тоа дали на богатите треба да им с енаметнат поголеми днаоци или треба да се задржи политиката ан еднакви и ниски даноци.
Водител:
Кевин О’Лири, повторно со нас. О’Лири, претседател на Ventures, инвеститор во Shark Tank, знае што зборува. Кевин знаеш дека секој е технички во право кога кандидатите зборуваат за економија, за која Доналд Трамп вели дека само напредувала додека тој бил претседател, се разбира дека се справувавме со КОВИД, а овој претседател вели, погледнете колку напреднала од тоа време и јас сум човекот што го направи тоа. Технички може да тврдите дека и двајцата се во право. Перцепцијата на Американците е дека ниту трендот ниту економијата не се нивен пријател, кој е во право?
Кевин О’Лири:
Па, за жал, во изборната година, перцепцијата е реалност и има три лесни мерки што ги гледа секој гласач: цените на храната се зголемени за околу 32% од пред пандемијата и останаа на тоа ниво, кириите исто така се драстично зголемени, исто е и со цената на енергијата и сега граѓаните се справуваат со тоа дали да стават леб на маса или да ја наполнат колата или да ја платат киријата… да не зборуваме за тоа да купат дом. Затоа луѓето на прашањето дали се чувствуваат подобро економски отколку пред четири години одговараат со НЕ. Тоа е инфлацијата, секогаш е тешко за кој било актуелен претседател да се справи со инфлацијата бидејќи тоа не е нешто што би можеле да го свртите, во конкретниов случај единствен за Америка. Не ја забораваме и таа пандемија која траеше две и пол години и која донесе низа програми за трошење пари кои се печатеа, па во системот уфрливме околу 2 трилиони долари испечатени пари повеќе отколку што ни требаа и тоа е она што го предизвикува проблемот во моментов и што нема да се поправи до ноември, иако тоа ќе биде главно изборно прашање.
Водител:
Кевин, пазарите вријат. DOW е само околу 4%, NASDAQ е зголемен за 18%, S&P 500 на 14,5% Не знам дали можете да ги повторите тие перформанси во следната половина од годината, но каков тип на позадина е тоа за изборите? Затоа што луѓето од тимот на Бајден кои никогаш не зборуваа за пазарите, зборуваат за нив речиси исто колку и Доналд Трамп кога беше претседател. Што мислите, обично во силни изборни години, актуелната партија и Белата куќа работат прилично добро, обично, не велам цело време, но што мислите за тоа?
Кевин О’Лири:
Зборувањето за берзата за време на изборен циклус навистина никогаш не функционирало, но причината за тоа е, ако погледнете на пазарот за отворањето работни места во Америка, 62% доаѓаат од бизниси со меѓу 5 и 500 вработени, тоа е суштината на американската економија. Американското семејство од прва или втора генерација што води бизнис, во било која држава и тие не мора да се грижат за тоа што прави Dow, 40% од работните места во Америка доаѓаат од S&P 500, а половина од нив се во други држави, но навистина е тешко затоа што пазарот е нестабилен, па ако започнете кампања за него сега и има корекција непосредно пред денот на изборите, ќе си наштетите себеси. Затоа политичарите се држат настрана од тоа. Но, прашањето за отворање работни места се враќа повторно допирајќи го и регулаторното опкружување, видовте дел од тоа и во дебатата што се случи меѓу Бајден и Трамп,
Водител:
Што слушна во дебатата а што ти се допадна?
Кевин О’Лири:
Па, големата дебата во моментов е за корпоративните даноци и причината зошто би се грижеле за тоа особено капиталните добивки е, каде стоите во конкурентноста ширум светот. Размислуваме за американскиот циклус во нашата земја во оваа јурисдикција за изборите овде, но вистината е дека ние сме број еден дестинација за странски капитал од целиот свет и затоа сакаме да останеме конкурентни. Ја нема веќе таа згрченост на компаниите кои се извртуваат за да се преселат во Ирска или некоја друга јурисдикција каде што корпоративните даноци и капиталните добивки се пониски, па мислам дека не сакате да се мешате во тоа ако сте инвеститор…
Водител:
Многу луѓе знаеја и беа многу возбудени што ќе бидете мој гостин. Добив е-пошта од некои: „Сакам таква Америка каде што ќе имам шанса да плаќам помалку даноци од луѓето како Кевин О’Лири“ и тоа ја повторува темата на Џо Бајден дека богатите момци како тебе не го плаќаат твојот фер дел. Сте го слушнале ова многу пати, сте се осврнале и на него, што велите?
Кевин О’Лири:
Да, тоа сум го слушнал многу пати. Го слушам од AOC, го слушам од Елизабет Ворен, го слушам од Бајден, не сакам да зборувам за ексклузивен клуб на богати луѓе. Подобро би било да размислиме за тоа, ние сме претприемничка економија, го наградуваме претприемништвото, ги наградуваме мажите и жените кои ризикуваат да започнат бизнис во нивниот подрум и да создадат стотици илјади и милиони работни места и кога ќе видите дека Безос го прави тоа или Илон Маск го направи тоа, сакаш ли да ги казниш за нивниот успех со тоа што ќе им го зголемиш данокот? Дали тоа стана Америка? Да ги казниме нашите претприемачи? Не, тие го плаќаат својот дел од процентот на даноци, ги почитуваат даночните закони и создаваат работни места…
Водител:
Така, кога претседателот спомна дека некои во таа милијардерска заедница плаќаат помалку од 8% даноци и тој сака да го реши тоа.
Кевин О’Лири:
Па погледнете некои од нас што сме претприемачи немаат плата. Ние не заработуваме пари затоа што ги земаме сите и ги ставаме во компаниите и почнуваме да ги развиваме и добиваме капитални добивки. Сега, ако не ви се допаѓа данокот на капитална добивка, сакате да го зголемите и да станете многу неконкурентни, претприемачите ќе си ги земат парите и ќе ги однесат на друго место, а странските инвеститори исто така ќе одат на друго место. Мора да разберете дека удирање по богатите може да функционира политички, но тоа не е она што е Америка, тоа не е ДНК на Америка, ние сме економија број еден на Земјата поради нашите претприемачи.