Македонскиот кик боксер Даниел Стефановски го совлада својот противник Софијан Алилуше од Франција за светската титула ИСКА и стана светски шампион.
ИСКА е една од најголемите кик бокс организации. Со победата над Алилуше Македонецот Стефановски, кој во јавноста се појавува со македонските симболи, ја освои титулата светски шампион по К-1 правила до 81,5 килограми.
Даниел Стефановски живее и работи во Цирих, Швајцарија, каде што е и роден, а неговите родители по потекло се од Куманово.
Македонскиот шампион Стефановски, е европски и швајцарски првак во тајландски бокс. Тој доцна синоќа во Цирих во првата рунда го победи неговиот противник од Франција. Стефановски доминираше против Французинот и му зададе катастрофален пораз уште во првата рунда. Французинот Алилуше после силнио К.О. падна на колена пред македонскиот боксер. Во неговата богата колекција на титули и бројни светски и европски признанија, се закити со нова светска тутула на ИСКА.
Стефановски е горд на своето потекло од Македонија. На неговите натпревари можеме често да го видиме со македонското знаме на неговиот грб, и на тој начин ја искажува љубовта кон својата земја Македонија.
Даниел е исто така и европски шампион во дисциплината К-1 во категоријата до 80 килограми, а исто така двапати по ред е шампион на Швајцарија во 2013 и 2016 година.
Неговата професионална кариера ја започнал со мај-тај и кик-бокс, а во 2016 година станува шампион на Швајцарија во К-1 во ВФЦ верзија, совладувајќи го Кеви Бузер на Агровина фајт челинџ во Арау.
Неговите амбиции не застануваат на овие титули, туку се стремат кон нови победи и успеси во неговата професионална кариера.
Погледнете го настапот на видеото.