Кире МИХАИЛОВ, заменик генерален директор на ЈП Национални шуми

Сите тие кои не следат, знаат дека овде над Николиќ се случи една апокалиптична сцена со пожарот затоа што овде има смрека, брнар и други видови дрвја кои лесно горат. Сакам да ви покажам едно чудо и еден феномен кој што се случи овде. Да се придвижиме и да го видиме.

Како што гледате, на стотици метра под нас е населенето место Николиќ. Со судни маки, заедно со месното население и сите кои беа тука, го спасивме селото од пламените јазици и огнот тргна наваму. Гледате, сите ридови над Николиќ се изгорени. Меѓутоа, има една мала зелена оаза која не е зафатена од пожарот. Сакам да ви покажам што има внатре и која е причината што тоа место не беше зафатено од пожарите.

Инаку, тоа што сакам да го кажам е дека кога огнот тргна наваму, за десетина минути се најде овде горе каде никој не гасеше. Како што гледате огнот бил висок, и под патот и над патот и буквално се е изгорено. Ете каде одела линијата на огнот, но една мала површна буквално останала нечепната.

Но, ова што го гледате пред мене е црквата Св. Петка, која пто е на неколку стотини метри од селото Николиќ. И огнот застанал пред црквата и таа буквално нема никакви оштетувања. Еве го до кај дошол огнот, еве ја линијата. И покрај тоа што масите и клупите се дрвени, огнот дошол до нив и застанал. Се наваму е негибнато. Ова се некои стотини квадратни метри кои чудесно останале негибнати од огнот кој што беше страшен. Јас од секогаш сум бил верник во Бога, а ова е уште една причина, јас и сите Вие уште повеќе да се посветиме на верата. И еве сакам тука да се помолам на Бога, како што ја спасил црквата Св. Петка, да ги спаси и ридовите нагоре. Ова е нешто што за мене е навистина чудесно и сакав да го споделам со сите граѓани.