Група навивачи, по победата на Вардар, на јарбол во Келн, покрај германското и други знамиња на ЕУ, го дигнаа македонското знаме со сонцето од Кутлеш.
Тие пееја патриотски песни и извикуваа „Никогаш северна, само Македонија“!
На фан страницата на навивачката група Комити Скопје објавија:
– Го прогласуваме проектот северна Македонија за затворен засекогаш. Да живее Вардар, да живее Македонија!- гласи пораката објавена на Фејсбук.