Со сигурност Мицкоски нема да успее да ги одбрани криминалите на тајкуните на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, нема да успее да ја попречи правдата во РС Македонија, ниту пак ќе успеат неговите силни напори да ја спречи интеграцијата во НАТО и ЕУ.
Ова на денешната прес-конференција го истакна портпаролот и пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов.
– Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, на прес конференцијата одржана во белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски призна дека се сретнал со еден од осомничените во случајот „Рекет“, споменатиот Зоки Кичеец. Ајде сега Христијан Мицкоски нека излезе пред граѓаните и нека признае дека во Унгарија се сретнал и со Никола Груевски? Дали Мицкоски во Унгарија и во Словенија се среќавал со уште некој и нека признае зошто? Граѓаните, целокупната јавност, очекуваат одговори на овие прашања, рече Костадинов.
И продолжи со ново обвинение против опозицијата:
– Со кого Мицкоски се координира за да ја спречи интеграцијата на РС Македонија во НАТО и ЕУ? Очигледно на Мицкоски му е мала сопствената земја за да ги сокире шемите негови против напредокот, реформите и правдата. Улогата на Мицкоски посетепено се потврдува. Нема да успеваат неговите обиди да ги одбрани криминалите на тајкуните на режимот на ВМРО-ДПМНЕ. Со сигурност нема да успее да ја попречи правдата во Република Северна Македонија, ниту пак ќе успеат неговите силни напори да ја спречи интеграцијата во НАТО и ЕУ. Јасно му порачуваме на Христијан Мицкоски дека одговороност ќе има за секој што се огрешил пред законот, рече Костадинов.