Уште еден податок покажува дека по години стагнација и уназадување, економијата е стабилизирана, расте и се развива, истакна на денешната прес-конференција Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.
– ФДИ Интеленџенс, сервисот на Фајненшел тајмс, објави дека во периодот од јуни 2018 до мај 2019 во РС Македонија регистрирани се 184,4 милиони долари странски гринфилд инвестиции. Тоа е раст од 200 отсто споредено со минатата 2017 година. Ова е одличен податок, особено имајќи предвид дека гринфилд инвестиции претставуваат инвестиции во бизнисот без претходна инфраструктура, деловен простор и вработени. За две години, вработени се околу 50 илјади граѓани, од кои 48 илјади во реалниот сектор. Тоа значи дека политиките даваат резултат. Со вистински економски политики создаваме реална економија со долгорочна стабилност, ориентирана и кон приватниот сектор, рече Костадинов.
Тој дополни дека „освен растот на гринфилд инвестициите и вработувањето, имаме раст и на извозот“.
– Според последните податоци на Државниот завод за статистика, во првите пет месеци од годинава, извозот е зголемен за 14,8 отсто во споредба со истиот период од минатата година. Ова се само дел од последните податои што ја докажуваат успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ. Довербата во економијата е вратена, се реализираат нови инвестиции, расте индустриското производство, невработеноста опаѓа. Зборот важи. Како одговорна партија дадовме збор, се посветиме на развој на економијата, нови работни места, повеќе пари и подобар животен стандард на сите наши граѓани, рече Костадинов.