Познатиот јапонски оперски пејац Казухиро Котецу, кој досега сними многу видеа на кои пее македонски песни, и натаму ја афирмира Македонија во неговата земја на Далечниот Исток.
Котецу на неговиот профил на Фејсбук, покрај мноштво видеа со македонски песни, сподели и видео на кое се гледа како јапонски средношколци му поставуваат прашања на македонскиот амбасадор во Јапонија, Горан Цеков.
Тоа што е особено интересно е дека јапонските ученици зборуваат со македонскиот амбасадор на македонски јазик. Тие го праѓуваат колку години има, кое му е омилено македонсок јадење, колку време е во Јапонија, што е пасрмајлија итн.
За жал, иако Котецу е голем афирматор на Македонија во Јапонија, државата која ја афирмира досега не нашла начин и форма да ја поттикне оваа соработка која јапонскиот уметник ја прави без никаков надоместок и од почит кон Македонија, по неговото познатство со македонскиот оперски пејач Благој Нацовски, кој работи во Италија.
Досега Денешен објави повеќе видеа од Котецу, погледнете го и последново.