Шивачот Полико Авдиу веќе осум години работи во компанијата „Текстил Солушн“. За да биде дома со семејството, Авдиу се вратил од Германија каде што работел, објави премиерот Димитар Ковачевски, кој денеска беше во посета на фабриката.
– Авдиу вели дека е задоволен од условите за работа во компанијата и се радува што постојано се подобруваат. Задоволен е од растот на минималната плата, вели доволно ќе е за скромен живот. Мерките кои оваа Влада ги носи се секогаш во насока на обезбедување достоинствен живот на работниците и ќе влијаат позитивно и на останатите плати во другите индустрии, со што целокупно се подобрува квалитетот на живеењето во земјата. Растот на платите ќе продолжи, остануваме посветени на подигање на животниот стандард, објави Ковачевски на својот официјален профил на Фејсбук.
Ковачевски денеска беше во посета на оваа фабрика, која е отворена во времето на поранешниот премиер Никола Груевски, и таму пред новинарите и јавноста премиерот Ковачевски беше пофален од шивачот Авдиу.
Видеото може да го погледнете ТУКА.