Денешното убаво претпладне го поминавме во Охрид заедно со нобеловецот Пол Кругман, објави денеска премиерот Димитар Ковачевски за дружењето со нобеловецот.

– Тој е говорник на Скопскиот економски и финансиски форум кој е во организација на Министерството за Финансии. Со министерот (Фатмир) Бесими ни беше голема чест да поразговараме со Кругман за актуелните економски теми и предизвици, објави Ковачевски на својот официјален профил на Фејсбук.

Ковачевски во прилог објави и видео од дружбата кое може да го погледнете ТУКА.