Ако се уште има новинари како Борјан Јовановски во „мејнстрим медиумите“ кои не ја слушнале оваа лажна вест и не го знаат изворот на лажни вести, еве можност да не останат неинформирани.
Слушнете ја веста, слушнете го и видете го изворот, а потоа конкурирајте за уште еден грант од Сорос или од изворите на ЕУ за работилници или воркшопови против ширењето на лажни вести.
Новинарот Јовановски од 1 ТВ не ја слушнал оваа ланска убава вест. Затоа не можеше и да му верува на пратеникот Илија Димовски, кој му беше гостин, дека оваа лажна вест е стара една година и дека ја објавија сите „мејнстрими“.
А лошата вест е дека и годинава Македонија од ЕУ ќе добие „ист датум како ланскиот“.
(Д.Г.)