При синоќешниот настап во Лас Вегас, Лејди Гага падна од сцената заедно со случајно одбраниот помошник од публиката.
Имено, таа повика еден од своите редовни посетители на настапите… Потоа, пеејќи, му се закачи на телото обвивајќи го со нозете околу половината, па по кратко време и двајцата паднаа од работ на бината.
Според очевидци, се чини, пејачката „го извлекла подебелиот крај“ оти таа падна на грб, а нејзиниот партнер врз неа.
Сепак, никој не бил посериозно повреден, а Лејди Гага продолжила со настапот.