Народен собир по повод верскиот празник Духовден се одржа вчера во леринското село Буф, во Егејска Македонија, во Грција.
– Панаѓурот беше музички збогатен од оркестарот Музикорама,како и од Духовното просветно здружение на Овчарани, се вели во објавата на македонскиот активист Стилијан Самарџиев.
Тој на својот профил на Фејсбук објавува и видео од настанот, на кој може да се види панорамски приказ од овој дел во кој живеат Македонци. На нарадониот собир се пеат македонски песни како „Македонско девојче“, „Дафино вино црвено“ и други македонски песни, ора и обичаи од македонскиот фолклор.
Видеото може да го отворите ТУКА.
(Д. Г.)