Приказна за локалитетот Канда во близина на Свети Николе е емитувана во документарниот серијал Антички вонземјани на ТВ каналот Хистори.
Во документарецот се вели дека симболот-стрелка во форма на буквата „М“ е насочен кон соѕвездието Касиопеја, познатата божица. Научниците веруваат дека симболот го претставува богот Себ кој е дете на космичката Мајка и Татко.
Се работи за геоглиф со димензии од околу 85 на 45 метри, кој датира од 10.500 година пред нашата ера. Го поврзуваат со древната Пајонија, но и со ведските митови за постанокот. Археоакустичните мерења докажуваат дека формата е направена од вештачки, човечки фактор, а не од самата природа.
Загонетка и без одговор остануваат многу прашања во Канда, а јајцето како симбол за почеток на универзумот се јавува во речиси сите култури и пантеони низ светот.