Денеска по средбата со алтернативната министерка за надворешни работи на Република Грција, Сиа Анагностопулу, ја потпишавме спогодбата за отворање на нов граничен премин кај Маркова нога, објави на својот Фејсбук профил министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
– Ова е прва спогодба согласно одредбите на конечниот договор од Преспа, напиша Димитров.
Тој објави и видео од потпишувањето на спогодбата на кое разменија три дипломатски бакнежи со грчката алтернативна министерка.